КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 02-2466-420

Медицина на труд

Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да ги добиете следните услуги од областа на медицина на трудот.

Систематски прегледи

Со лекарските прегледи можат навреме да се откријат болести уште во ран стадиум, што овозможува и нивно успешно лекување. Вашата доверба и препуштање на вашето здравје во рацете на нашиот стручен кадар е многу важно за нас. Превентивата и раната дијагностика се најважни за да го одржиме здравјето во одлична кондиција.

Систематскиот преглед не е само формалност. Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус добивате врвна превентивна медицина за оптимална проверка на вашата здравствена состојба. Со комплетни систематски и менаџерски прегледи можат навреме да се откријат и успешно да се лекуваат многу болести.

Систематските прегледи се задолжителни за вработени во сите дејности на јавниот и приватниот сектор. Работодавецот е должен на работникот да му овозможи лекарски преглед со кој се утврдува работоспособност според работната позиција. Прегледите се прават на секои 12 и 24 месеци.

Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус може да се направат сите законски предвидени прегледи како што се: претходни, периодични, насочени и систематски прегледи.

Лекарски уверенија

На едно место, брзо, најквалитетно и во ист ден можете да добиете лекарски уверенија за:

  • Полагање на сите возачки категории (А,Б,Ц,Д,Е)
  • Инструктори и такси возачи
  • Продолжување на возачки дозволи за пензионери и продолжување на сите останати возачки категории (Ц,Д,Е)
  • Управување со пловен објект
  • Вработување
  • Деловна способност
  • Државјанство
  • Вонредно студирање
  • Посвојување на дете
  • Виза, работа, студии и друг престој во странство
  • Работа на брод
  • Суд и други намени
  • Обука и потврда за оспособеност за давање на прва помош на работно место

Специјалистички ординации