Во Биохемиската лабораторија на ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да направите повеќе видови на испитувања на крвта и урината. Нашиот тим на професионалци ќе се погрижи за вас и безбедно и сигурно ќе земе примерок од крвта, каде потоа со помош на најсовремена и технологија ќе го испита примерокот и ќе го добие резултатот сигурно и доверливо во истиот ден. Кредибилитетот на нашата лабораторија и анализите кои ги вршиме се најважни за вашето здравје и безбедност. Високата прецизност и точност на резултатите се најважен сегмент на нашата работа. Исто така постои можност и во домашни услови да се земе примерок од крвта. Преку разни тестови на крвта во нашата лабораторија може да се добијат повеќе информации за вашата здравствена состојба, дијагноза, да се одреди третман и да се превенираат болести. Токму затоа ви нудиме повеќе анализи како што се:
- Биохемиски анализи
- Хематолошки анализи
- Урина
- Хормони
- Тумор маркери
- Дроги – опијати