КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 02-2466-420

Систематски прегледи

Со лекарските прегледи можат навреме да се откријат болести уште во ран стадиум, што овозможува и нивно успешно лекување. Вашата доверба и препуштање на вашето здравје во рацете на нашиот стручен кадар е многу важно за нас. Превентивата и раната дијагностика се најважни за да го одржиме здравјето во одлична кондиција.

Систематскиот преглед не е само формалност. Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус добивате врвна превентивна медицина за оптимална проверка на вашата здравствена состојба. Со комплетни систематски и менаџерски прегледи можат навреме да се откријат и успешно да се лекуваат многу болести.

Систематските прегледи се задолжителни за вработени во сите дејности на јавниот и приватниот сектор. Работодавецот е должен на работникот да му овозможи лекарски преглед со кој се утврдува работоспособност според работната позиција. Прегледите се прават на секои 6, 12, 18 или 24 месеци.

Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да добиете претходни, периодични, насочени и систематски прегледи кои можат да содржат основен пакет или проширен пакет на прегледи во зависност од вашите потреби и работно место.

Исто така во нашата поликлиника на едно место можете да добиете и лекарски уверенија за:

  • Вработување
  • Деловна способност
  • Државјанство
  • Вонредно студирање
  • Посвојување на дете
  • Виза, работа, студии и друг престој во странство
  • Работа на брод
  • Суд и други намени
  • Обука и потврда за оспособеност за давање на прва помош на работно место