ПЗУ Поликлиника Медика Плус е приватна здравствена установа основана во 2001 година со единствена цел – нудење на здравствена заштита по највисоки етички и професионални стандарди, услуга која е по желба и барање на корисниците. Големото искуство и воочените недостатоци во јавното здравство беа поттик, сите оние кои имаат потреба од соодветна медицинска грижа ја добијат брзо, едноставно и со највисок квалитет.
Денес, ПЗУ Поликлиника Медика Плус е име кое гарантира стручност, професионалност, квалитетна услуга по цена прифатлива за сите.
Мисија
Нашата мисија е комплетна грижа за вашето здравје преку нудење на високо квалитетна здравствена заштита по највисоки етички и професионални стандарди. За сѐ подобро здравје!
Визија
Во нашата визија пациентот е секогаш на прво место и почитта и грижата кон секоја индивидуа посебно е наша најважна карактеристика. Превентивата и раната дијагностика се дел од нашата визија, а едуцираниот и професионален тим преку холистички пристап водат комплетна грижа за вашето здравје преку нудење висо коквалитетни услуги и лекување преку најсовремени методи со најдобра опрема. Нашата визија е да имаме задоволни, здрави и среќни клиенти и да создадеме место каде ќе може комплетно да ги завршите сите работи на едно место и во исти ден.
Услови
ПЗУ Поликлиника Медика Плус се наоѓа кај нова железничка и автобуска станица, помеѓу зградата на Неоком и Скопјанка. Нашите простории ви нудат приватност и удобност, завршување на сите работи на едно место и работно време прилагодено на вашите потреби секој ден од 7:30 до 19:30 часот за општа служба и од 7:30 до 15:30 за специјалистички ординации. ПЗУ Поликлиника Медика Плус има вработено стручен и професионален кадар меѓу кои се лекари специјалисти и супспецијалисти, магистри и доктори на науки, лекари по општа медицина, медицински сестри, лаборанти, менаџерски и административен тим.
Опрема
Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус сите ординации се опремени со високо квалитетна најнова медицинска опрема за рана дијагностика и лекување. ПЗУ Поликлиника Медика Плус располага со следнава апаратура:
- Автоматски хематолошки анализатор Mindray модел BC-3000 Plus
- Полуавтоматски биохемиски анализатор Mindray модел BА-88А
- SpirobankG мултифункционален спирометар со графички дисплеј
- Инкубациски блок, термостатски контролиран 20 позиции
- Микроскоп РВ3320 електронски, 40х-1600х
- ЕКГ Троли MEDIGATE модел MeTroy720
- Пипетор 10-100µl
- Пипетор 100-1000µl
- MEDIGATE 12 каналенелектрокардиограф модел MeCa812i
- Дигитален колор доплер ехо апарат Mindray модел DC-T6 и софтвер за кардиологија со вклучени: кардиолошка phassed array сонда 2-4 MHz, конвексна сонда 2-6 MHz, линеарна сонда 5-10 MHz
- B0012 Sinuscope 30o , f4x175mm
- COO12 Otoscoppe 0o, f4x45mm
- D0101 Laryngoscope90, f8x174mm
- T5010 Light guide cable f4.5mm, 2mlong
- T5001 Halogen light source Duble lamps 150W
- Заштитник за синусоскоп
- Видео камера со адаптер за ендоскопија Provix
- Mindray – дигитален црно-бел ултразвучен систем модел DP-6600
- Screening Audiometar, Intracou stics, model AS216
- Autorefraktometar Rotes
- Слит лампа TOPCON SL-1E
- Аспирациона пумпа
- Чарт проектор ACP-1000
- HAINE BETA 200 Офталмоскоп
- Колпоскоп ALLTON модел YDJ-II-2
- Линеарна сонда 5-10 Mhz, 75L38EA
- TITANOX Стерилизатор